Шведска има десет милиони жители, а во засолништата, во случај на нуклеарен напад, сега би можеле да се заштитат седум милиони Швеѓани, или две третини од популацијата.
Шведските власти размислуваат и за идејата да ги удвојат бројот на засолништа во наредните десет години.
Шведска веќе има околу 65.000 засолништа, во кои може да бидат сместени околу седум милиони луѓе.
Но, властите тврдат дека тоа не е доволно и дека е потребно да се направат засолништа за комплетната популација на Шведска, наведуваат шведските медиуми.