Многу од младенците пред одлуката за задржување или менување на презимето, разговараат за тоа, но изгледа дека овие младенци требале да го направат тоа и со своите роднини. Оваа неверојатна приказна кружи низ социјалните мрежи и сите зборуваат за неа. Инцидентот меѓу сватовите се случил во познатиот градски ресотран, откако невестата на матичарот му соопштила дека ќе го задржи своето презиме, и дека на него ќе го додаде тоа на сопругот.
Поради една реченица од три збора, „го задржувам презимето“, луѓето одат до толку далеку, што дури и го упропастуваат најубавиот ден на младенците.
Според зборовите на вработените во градската Матична служба, во последните година дена, се на се, 20% од девојките по бракот се одлучуваат да го задржат своето презиме, или на него да го додадат тоа на сопругот.
Кога свекрвата на таштата во текот на расправата и рекла: „Глупа ку**о!“, оваа веднаш и одговорила: „А зошто сум глупа?“, по што настана општа смеа во салата“, раскажува басистот од свадбарскиот бенд, а неговата приказна ја потврди и конобарот и некои од сватовите.
За жал, на страна шегата, не беше задржана и нетрпеливоста меѓу сватовите, туку неколку часа подоцна сепак се кулминираше со сеопшта тепачка на гостите, па славјето меѓу двајцата млади заљубени луѓе заврши насилно.