Поради три збора оваа свадба прерасна во хорор – Свекрвата вербално ја нападна невестата

By
„Ку**о!“ се слушнале по одлуката на невестата од длабочините на салата, а тие погрдни зборови ги изговори лично нејзината свекрва. По изјавите на музичарите, кои ги забавувале гостите, на веселбата ништо повеќе не било исто.

Многу од младенците пред одлуката за задржување или менување на презимето, разговараат за тоа, но изгледа дека овие младенци требале да го направат тоа и со своите роднини. Оваа неверојатна приказна кружи низ социјалните мрежи и сите зборуваат за неа. Инцидентот меѓу сватовите се случил во познатиот градски ресотран, откако невестата на матичарот му соопштила дека ќе го задржи своето презиме, и дека на него ќе го додаде тоа на сопругот.

Поради една реченица од три збора, „го задржувам презимето“, луѓето одат до толку далеку, што дури и го упропастуваат најубавиот ден на младенците.

Според зборовите на вработените во градската Матична служба, во последните година дена, се на се, 20% од девојките по бракот се одлучуваат да го задржат своето презиме, или на него да го додадат тоа на сопругот.

 

 

„Потоа се расправале и понатаму. Колку било непријатно, толку било и смешно, затоа што станува збор за угрелни градски семејства. И двете имаат „педигре“ на успешни претприемачи“, велат музичарите.

Кога свекрвата на таштата во текот на расправата и рекла: „Глупа ку**о!“, оваа веднаш и одговорила: „А зошто сум глупа?“, по што настана општа смеа во салата“, раскажува басистот од свадбарскиот бенд, а неговата приказна ја потврди и конобарот и некои од сватовите.

За жал, на страна шегата, не беше задржана и нетрпеливоста меѓу сватовите, туку неколку часа подоцна сепак се кулминираше со сеопшта тепачка на гостите, па славјето меѓу двајцата млади заљубени луѓе заврши насилно.

 

Ќе ви се допадне