Порака со специфичен карактер може да ви го блокира „ајфонот“

Новата бубачка може да ги погоди вашите ејпл-смартофон и компјутер, а сè што е потребно е да добиете порака со еден специфичен карактер.

Проблемот е откриен на почетокот на оваа недела, а само еден карактер на индиски јазик (Telugu) може да го „сруши“ вашиот „ајфон“ и да направи апликациите како што се „Месенер“, „Фејсбук месенџер“ и „Вотсап“ да бидат недостапни.

Оваа бубачка исто така може да ги погоди и вашиот ејпл-сафари браузер, вградената messages апликација на macOS и Apple Watch.

И додека iOS 11,3 апдејт ќе го поправи овој проблем, „Ејпл“ планира да исфрли и дополнителен апдејт за iOS 11 кој ќе го реши проблемот побрзо, затоа што првиот апдејт се очекува дури да излезе на пролет.

Тоа значи дека многу од сопствениците на „ајфон“ наскоро би можеле да добијат апдејт верзија со ознака 11.2.6, за да не би морале да ја чекаат 11,3 верзијата.

 

Scroll to Top