Пораката од Париз за Западен Балкан може да предизвика сериозна криза

By

Говорот на претседателот на Франција Емануел Макрон, во Европскиот парламент имал експлозивна сила која може да предизвика заострување на кризата на западен Балкан, нешто што може да предизвика и слабеење на поизицијата на Европската унија во регионот, смета директорот на Центарот за либерална стратегија во Софија, Иван Крастев за Дојче веле.

Повикувајќи се на цитат од Шарл де Гол, дека „вистинскио„т лидер секогаш има некаков адут во раковот“, Крастев истакнува дека Макрон нагласил дека не сака Балканот да се сврти од Русија или Турција, но додал исто така дека не сака Европа лошо да функционира со 28 членки.

„Има нешто во тоа. Повеќето Европјани би му дале за право кога ќе каже дека нема смисла да се говори за проширување, ако сеуште нема одлука за тоа што Унијата би требало да биде. Во моментов дефинитивно нема премногу големо воодушевување за некакво проширување. Без оглед дали се говори за Балканот, Турција или Украина. Запрашани за желбата за идната големина на ЕУ, многу европски гласачи повеќе се залагаат за нејзино намалување, а не за проширување“, оценува Крастев, но додава дека смета дека конкретното дејствување на пораките на Макрон е политичка катастрофа.

„Забелешката на Жан Клод Јункер дека единствена алтернатива за интеграција на Балканот во ЕУ е војна во регионот, е парадоксален пример за баналноста како спасување во последен час. Пораката на Макрон во себе носи искра која би можела дополнително да ги влоши состојбите во регионот.

Бугарија, која во моментов претседава со Европската унија ги има сите причини да го обвини Макрон дека внималтено подготвениот самит за Западен Балкан кој ќе се одржи во мај, ќе делува како виц. Европската комисија има причина, забелешката на Макрон да ја свати како забодување на нож во грб. Проевропските реформисти во балканскиот регион ги имаат сите причини да го обвинат Макрон дека им ги поткопува позициите“, наведува Крастев во својот текст.

Брисел, како што наведува авторот, долго преферирал стратегија на „конструктивна разновидност“, додека политичарите во Европската унија велат дека единственото прашање за членството на државите на западен Балкан во ЕУ е „кога тоа ќе се случи?“. Никој ниту во Брисел ниту на Балканот не верува дека до 2025 година некоја од земјите на западен Балкан ќе стане членка на ЕУ.

„Но, додека играта на ЕУ досега се нарекувала „вратите се отворени, Макрон решил да ги затвори, барем за момент. Не можеме поради тоа да го обвинуваме. Но, она што можеме да му замериме е дека замрзнувањето на проширувањето без алтернативна стратегија може да допринесе продлабочување на кризата на Балканот и слабеење на позициите на ЕУ во регионот. Јасно е дека кога Макрон им се обраќа на бирачите и ги нарекува Европјани, тој пред се мисли на бирачите од Западна Европа“, заклучува Крастев.

Крастев си го поставува прашањето дали Макрон ќе се обиде на Европа да ѝ го направи тоа што пред година дена го направи во Франција, односно да го уништи постоењето на политичките партии и да создаде нова проевропска платформа чија суштина е отфрлање на статус кво?“.

„Дали ќе ризикува до таа мерка да ги предизвика партиите од конзервативниот центар, кои се на власт во голем дел од Европа и нешто што може да предизвика да дојде до зла крв меѓу него и канцеларката Ангела Меркел? И како ќе се постави кон се поголемата затегнатост меѓу Истокот и Западот во Европа? Како европскиот проект ќе внесе нова демократска енергија, особено во друштвата кои неговите говори ќе читаат само како преводи?“, пишува Крастев и оценува дека Макрон е верен на мешавината на политиката и поезијата, која во Франција постои со векови.

 „Докажано е дека има и талент за драматизација кога говорел за европската нова граѓанска војна и опасностите од национализмот и рекол дека не сака да припаѓа на генерациите на месечари. Станал незгоден за своите политички противници на десната страна од политичкиот спектар во Европа затоа што се позиционирал како заштитник на европските вредност. И тоа не само кон авторитарните владетели надвор од Европа како што се Русија, Кина, Турција, туку и против либералните дома (Унгарија, Полска)“, наведува Крастев.

Поени стекнал и со политичкиот прагматизам, кога се оддалечил од класичниот федералистичен дискурс, кој заговара многузинство на француски прогресивци, а неговите аргументи не биле само во корист на Соединетите Американски Држави, туку и за заеднички европски дигитален данок, кој би го зацврстил Брисел.

Макрон се определил за улогата на внимателен визионер, а своите политички опции за кои се залагал ги наговести, наместо јасно да ги изговори. Говорот му бил реторички силен, но особено упадливи се работите за кои Макрон не говорел, смета Крастев.

Иван Крастев

„Францускиот претседател бил тивок кога се работело за реформите во еврозоната, која била главна тема на неговиот говор на Сорбони минатата година. Неговото молчење е јасен сигнал за тешкотиите во германско-гранцуските преговори за европската монетарна унија. Тој исто така не говорел ни за ставот на Европа за слободната трговија и бил политички непрецизен кога говорел за миграција или темите за односите меѓу Европа и САД“, пишува Крастев.

 

Ќе ви се допадне