Поранешниот британски пилот Луис Вабартон ја тужи државата затоа што смета дека војската му го уништила сексуалниот живот. Тој бара оштета од 200.000 фунти од Министерството за одбрана и тврди дека панцирот кој го носел додека учествувал во мисии на Обединетите нации му ги оштетил нервите и му предизвикал импотенција.
30-годишниот Барбартон служел во мировните мисии на Обединетите нации во Мали. Тој вели дека панцирот кој го носел тежел 20 килограми и му ги притискал бутовите и му ги оштетил нервите.
Сега страдал и од ишијас и трпел силни болки, пренесе британски „Телеграф“. По 10 години служба во војската морал да биде отпуштен од медицински причини. Неговиот приватен живот му е уништен па затоа се одлучил да го тужи министертвото.
Вели дека станал импотентен и има проблеми со спиењето. Во тужбата навел дека неговите континуирани симптоми му ја ограничиле способноста да ги извршува вообичаените должности во РАФ, а бил ограничен и во извршување на своите домашни активности.
Поради постојаните болки имал проблеми со спиењето, но и со неговите активности во секојдневниот живот, вклучувајќи го и неговиот личен живот со партнерката.
Наводно опремата му била толку лошо направена што му пречела и при летањето на хеликоптерот. Вели дека не можем да ги види инструментите на таблата.