Поранешен пилот ја тужи државата затоа што мисли дека војската му го уништила сексуалниот живот

Поранешниот британски пилот Луис Вабартон ја тужи државата затоа што смета дека војската му го уништила сексуалниот живот. Тој бара оштета од 200.000 фунти од Министерството за одбрана и тврди дека панцирот кој го носел додека учествувал во мисии на Обединетите нации му ги оштетил нервите и му предизвикал импотенција.

30-годишниот Барбартон служел во мировните мисии на Обединетите нации во Мали. Тој вели дека панцирот кој го носел тежел 20 килограми и му ги притискал бутовите и му ги оштетил нервите.

Сега страдал и од ишијас и трпел силни болки, пренесе британски „Телеграф“. По 10 години служба во војската морал да биде отпуштен од медицински причини. Неговиот приватен живот му е уништен па затоа се одлучил да го тужи министертвото.

Вели дека станал импотентен и има проблеми со спиењето. Во тужбата навел дека неговите континуирани симптоми му ја ограничиле способноста да ги извршува вообичаените должности во РАФ, а бил ограничен и во извршување на своите домашни активности.

Поради постојаните болки имал проблеми со спиењето, но и со неговите активности во секојдневниот живот, вклучувајќи го и неговиот личен живот со партнерката.

Наводно опремата му била толку лошо направена што му пречела  и при летањето на хеликоптерот. Вели дека не можем да ги види инструментите на таблата.

Scroll to Top