Поранешните работници на Бил Гејтс почнаа да ги откриваат швалерските финти на милјардерот

Американскиот милијардер и основач на компанијата „Мајкрософт“ повторно  во центарот на вниманието откако поранешните работници во неговата корпорација за списанието „Венити фер“ откриле како ја изневерувал сопругата Мелинда, со која се разведе по  27 години брак.

Поранешните вработени во „Мајкрософт“ раскажале како нивниот шеф доаѓал на работа во „мерцедес“, а потоа заминувал во златно „порше“ што му го носел неговиот помошник за, како што тврдат, ненајавени состаноци.

„Претпоставувавме дека тој тоа го прави кога оди да се сретне со други жени. Исто така знаев дека тој често оди на некои состаноци што не беа наведени во неговиот календар“, изјави вработен во Мајкрософт за Venity Fair, не сакајќи да се објави неговото име.

Тој рекол дека сите вработени треба да потпишат договори за доверливост, според кои им е забрането да зборуваат за начинот на управување на компанијата од страна на Гејтс.

Патем, два извора за магазинот исто така изјавија дека некој од кругот на Мелинда соработувал со приватен истражител, што на крајот довело до поднесување тужба за развод, пишува „Блиц“.

Наодите на приватниот истражител, наводно, треба да бидат вклучени во бракоразводната парница, сепак, портпаролите на Гејтс ги отфрлија овие обвинувања, тврдејќи дека никој од нивната околина не ангажирал детективи.

Да потсетиме, во мај „Њујорк тајмс“ објави дека Гејтс често им се додворувал на жени кои работеле за него додека бил претседател на „Мајкрософт“.

Тој наводно испратил е-пошта до една жена со покана за вечера, додека друга, наводно, ја поканил на состанок додека биле на заедничко деловно патување.

 

Неколку сегашни и поранешни вработени за „Тајмс“ тогаш открија како овие инциденти довеле до создавање непријатно работно опкружување, а личниот живот на Гејтс станал цел на озборувања меѓу вработените.

Поради сето тоа, во 2019 година управниот одбор на „Мајкрософт“ отвори истрага за однесувањето на Гејтс, по што тој поднесе оставка од одборот, а компанијата ангажираше адвокатска фирма да ги испитува наводите.

„Неговата одлука да го напушти одборот нема никаква врска со аферата“, изјави тогаш портпаролката на милијардерот, додека Гејтс ја опиша одлуката како „несовесна и дел од минатото“.

Еден поранешен вработен го нарече „немилосрден“ и „попустлив“.

„Тој би ти поставил прашање, а кога ќе одговориш, те гледа и вели ‘тоа НЕ е вистинскиот одговор“, вели тој опишувајќи го своето искуство во работата со Гејтс“.

Бил и Мелинда Гејтс беа во брак 27 години. Тие се запознале кон крајот на осумдесеттите години кога Мелинда се приклучила на фирмата „Мајкрософт“ на Бил, а се венчале во 1994 година. Тие имаат три деца.

Scroll to Top