Порно ѕвездата Далила Скај (31) била најдена мртва во својот автомобил со прострелна рана од куршум. Полицијата го разгледува случајот и како самоубиство.
На глумицата наводно и бил дијагностициран рак на дојката и таа се борела со депресија пред нејзината смрт, пишува британски „Сан“.
Во моментов се чекаат резултатите од обудкцијата, а истражителите сметаат дека е малку веројатно да се работи за убиство. По нејзината смрт, голем број нејзини обожаватели се простија од неа.
„Минатата година разговаравме неколку пати. Не и беше лесно“, изјавил Ханс, сопственик на фирмата ЈХП Филмс, кој копродуцирал некои од нејзините филмови.
„Долго и требаше да ја прифати болеста, ако може да се каже дека тоа е можно. Таа беше убава, смешна, комплицирана и одлична пријајтелка. Ќе ни недостига“, изјавил Ханс.
Скај ја почнала кариерата во 2010 година. За неа велат дека била отворена во битката со карциномот на дојката и депресијата.
„Беше духовита, имаше големо срце, но, за жал нејзината борба со рак на дојката го зеде замавот на нејзиното ментално здравје и борбата со депресијата, како што тоа го прави кај повеќето луѓе“, изјавил продуцентот Аксел Браун за АВН.