Порторикански актер тврди дека го фотографирал лицето на Исус

By

Порториканскиот актер Калос Понсе на „Инстаграм“ сподели необична фотографија направена додека шетал по патеката во паркот. Тој тврди дека на неа се гледа лицето на Исус Христос.

„Го видов од прва. Тоа е потсетник дека Исус сè уште е со мене. Што мислите вие?“, ги прашал тој своите 1,8 милиони обожаватели на „Инстаграм“.

Многумина се воодушевиле од фотографијата и се согласиле дека тоа е Божји знак иако има и такви кои тврдат дека е во прашање само најобична дамка на патот.

Актерот и пејач во моментов престојува во Колумбија на снимање филм.

 

 

Ќе ви се допадне