Портрет на Путин закачен на место наменето за Доналд Трамп

Непознато лице поставило портрет од претседателот на Русија Владимир Путин во зградата во Конгресот во Колорадо, каде би требало да стои портретот на 45 претседател на САД Доналд Трамп.

Непознатата личност го поставила портретот на Путин со златна рамка за време на собирањето на донации за поставувањето на портретот на Трамп.

Група „Граѓани на Колорадо за култура“, собира донации за претседателскиот портрет биде закачен во зградата на Конгресот.

Хафингтон пост наведува дека досега Трамп не успеал да собре доволно од неопходните пари.

За споредба, парите за поставувањето на портретите на поранешните претседатели Џорџ Буш помладиот и Барак Обама, се собрани по само четири месеци од почетокот на нивните мандати.

 

Scroll to Top