Потег со кој Трамп избегна Третата светска војна

Претседателот на САД Доналд Трамп и американската воена команда како реална опција ги имале нападите врз руските системи за противвоздушна одбрана позиционирани во Сирија.

Волстрит журнал пишува дека Трамп имал намера да го нападне рускиот систем PVO.

Како што навел неименуван извор од американскиот весник, кој е запознаен со ситуацијата, шефот на Пентагон, Џејмс Матис му предложил на Трамп три сценарија и воени операции во Сирија.

Првото предвидувало напад врз сириските објекти кои имаат поврзаност со хемиското оружје, второ уништување на што поголем број на цивили, вклучувајќи ги и сириските командни центри. Во третото сценарио на удар се нашле и руските системи PVO  во Сирија.

Според зборовите на изворот, Трамп инсистирал на напад врз руските и иранските објекти во Сирија. но Матис успеал да го убеди да направи „хибриден план“ кој на крајот сепак се реализирал.

САД, Велика Британија и Франција извеле напад врз Сирија во ноќта меѓу 13 и 14 април, кога испалиле околу 100 проектили. Во овој напад немало жртви.

Претседателот на Русија, Владимир Путин ја нарече воената операција агресија врз суверена држава, потсетувајќи дека хемискиот напад во Сирија не е потврден.

 

Scroll to Top