Повеќе од половина Русија гласала за Путин

Централната изборна комисија на Русија ги објави конечните резултати од претседателските избори во земјата.

Според зборовите на шефот на комисијата, Еле Памфилов, Владимир Путин освоил 76,68% од гласовите. За Путин гласале 56,43 милиони избирачи.

Кандидатот на Комунистичката партија, Павел Грудинин, е втор со 11,77 %, а Владимир Жириновски го зазел третото место со 5,65%.

Следат Ксенија Собчак (1,68 %),  Григориј Јавлински (1,05 %), Борис Титов(0,76%), Максим Сурјакин (0,68%) и Сергеј Бабурин (0,65%).

 

 

Scroll to Top