Познатиот бразилски диџеј Кевин, кој загина скокајќи од балкон, бегал од сопругата за да не го фати како ја изневерува со манекенка

Познатиот бразилски диџеј Кевин, кој неодамна загина скокајќи од балкон од хотел во којшто престојувал, всушност сакал да побегне од сопругата, за да не го фати како ја изневерува со манекенка, пишуваат тамошните медиуми.

Мислејќи дека ќе падне во базенот, тој паднал покрај него и се здобил со тешки повреди.

Кевин им подлегнал на повредите, на пат кон болницата. Медиумите пишуваат дека тој бил заедно во собата со манекенката Бјанка Домингез, додека бегал од сопругата Деолејн Безера, со која се оженил пред дваесетина дена.

„Ти секогаш ќе биде љубовта на мојот живот, најубавата љубов која сум ја имала, човекот кој најмногу ме сакаше и ми се восхитуваше. Замини со Господ, а јас засекогаш ќе те сакам“, му порача Деолејн по смртта на нејзиниот сопруг.

Кевин бил одличен пријател со бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар, кој исто така се прости со него на социјалните мрежи.

За потсетување и самиот Нејмар и претходниот период минуваше низ тежок период во животот. Неговиот тим ПСЖ испадна од Лига на шампиони, ја изгуби и титулата во Франција, а исто така против него е покрената тужба и му се бара отштета од милион долари.

Во спротивно ќе мора во затвор.

(Видео) Бразилски пејач паднал од петти кат од хотел, починал две недели по венчавката со неговата девојка

 

Scroll to Top