(Видео) Бразилски пејач паднал од петти кат од хотел, починал две недели по венчавката со неговата девојка

By

Бразилскиот пејач Кевин Насцименто Буено (23), познат како МЦ Кевин, трагично починал откако паднал од хотелска соба од петтиот кат, две недели откако се оженил со својата девојка.

Тој починал во населба покрај плажа во Рио де Жанеиро, во Бразил на 16 мај. Како што пренесуваат светските медиуми, по несреќата, веднаш на местото на настанот се појавиле дежурни служби, кои го однеле во болница, каде Кевин им подлегнал на повредите.

Смртта настанала кратко време по неговиот брак, со девојка Деолен Безера, која била криминален адвокат. Таа присуствувала на неговиот последен концерт, кој го одржал во саботата.

Таа по трагичниот настан објави фотографии од нив двајцата, од венчавката.

„Ти секогаш ќе бидеш љубовта на мојот живот. Најубавата љубов која што ја имав, човекот што ме сакаше и ми се восхитуваше најмногу“, напиша таа.

 

 

Кевин претходно бил предмет на голем број на полициски пријави. Имало снимки на кои се гледа како им се заканува на полицијата на почетокот на оваа година. Тој во 2019 година бил уапсен во хотел во градот Бело Хоризонте, заради употреба на дрога.

Исто така од соседите бил пријавен за кршење на ограничувањата на КОВИД-19 минатата година. Од полицијата велат дека ќе продолжат да го истражуваат случајот.

Ќе ви се допадне

AnimeTV anime tv us: Naruto: Shippuden Episode 500

AniWatch watch animes: Your Lie in April (https://aniwatch.pro/m/3yq) Episode 22