Финалето на 63 годишниот Евросонг во Лисабон го одбележа скандал кој се случил кога за време на настапот на Велика Британија, откако на бината упадна момче и на пејачката и го зема микрофонот, по што веднаш реагираше обезбедувањето кое го отстрани од сцената.
На неговата маица пишувало наслов „Делата на британската државна мафија“, и адресата на еден сајт.
Станува збор за самонаречениот активист за слобода на медиуми и автор на неколку е-книги, кој се претставува како Доктор А.Ц.
На Инстаграм напиаш дека е „Албанец кој се прави дека е Британец“.
Претходно има упаднато и во британска емисија и со тоа се пофалил на Инстаграм, а неговиот потег на прекинување на настапот на пејачката на Велика Британија, фановите на Евросонг, остро го осудија.