Германија го доби првот трансроден законодавец. Станува збор за пратеникот Маркус Гансерер, член на коалицијата Зелени/Алијанса 90, кој се одлучил за промена на полот.
Тој во иднина волјата на народот во парламентот ќе ја претставува како Теса Гансерер. На конференцијата за новинари Маркус открил дека веќе десет години се чувствува како трансродна личност, а од сега па до крајот на неговиот животот ќе се претставува како Теса.
„Нема повеќе да носам костуми и вратоврски. Јас сум жена со секој атом од своето тело и од сега ќе бидам дама и ќе се претставувам како регионална пратеничка. Не го работам ова поради забава. Навистина се чувствувам како жена, а на ваков чекор не се одлучив одеднаш“, вели Теса.
Гансерер, која има два сина, вели дека пред своите колеги ќе се појавува нашминкан и со перика, и покрај тоа што парламентот и понатаму ќе го третира како Маркус.
Според законот кој е на сила во Германија, заа личноста да го промени полот, потребни се две медицински мислења, како и период од година дена пред личноста и официјално во документите да може да го промени името и полот.
Од друга страна, колегите од коалицијата велат дека Теса ќе ја прифатат како жена.
Ausgezeichnet. Mit Tessa/Markus Ganserer ist die erste Transidente in einem deutschen Landtag vertreten, in Bayern. https://t.co/p1yOFsD8zO
— Helalbeauty/Gab.ai (@HelalBeauty) January 15, 2019
„Идентитетот на нашата колешка нема да биде проблем во овој парламент. Личноста на секој пратеник е многу поважна од неговиот пол. Ќе ги советуваме пратениците да го третираат Гансерер како госпоѓа и жена, без разлика на нејзиниот законски статус“, изјавила Илза Ајгнер, претставничка од баварскиот парламент.
Илза е и членка на конзервативната Христијанска социјална унија (CSU), која е во коалиција со владејачката Христијанско-демократска унија на канцеларката Ангела Меркел.
Германија истополовите бракови ги легализирала во 2017 година, но против овој закон гласаа дури 225 пратеници од владејачката коалиција.