Пратеник ѝ се заканил на сопругата дека ќе се разведе од неа, затоа што ја променила партијата

Пратеник од Индија ѝ се заканил на сопругата дека ќе се разведе од неа, само затоа што ја променила политичката партија.

Пратеникот Саумитра Кан, од Индиската народна партија, на чие чело е премиерот на земјата Нарендра Моди, јавно изјави дека има намера да се разведе од неговата сопруга, Суџати Мондал Кан, само по еден ден откако таа преминала во валдејачкиот Свеиндиски национален конгрес.

Брачната двојка Кан живее во Западен Бенгал, каде за неколку месеци ќе се одржат избори, а овие две партии се главни конкуренти. Суџати Мондал Кан на конференција за медиумите одржана во понеделникот објавила дека ќе ја напушти Индиската народна партија.

Таа објаснила дека има неколку причини зошто го прави тоа.

Вели дека членовите на партијата не се чесни, дека во нивните редови стигнале неколку корумприрани лидери од други партии, со ветување дека ќе ги наградуваат луѓето кои се лојални на партијата, на грбот на другите.

„Индиската народна партија стана опција од втор ред. Зошто да останам? Зошто да не заминам во првиот тим?“, изјавила таа.

Неколку часа подоцна, на итно повиканата конференција за новинари, нејзиниот сопруг Саумитра, изјавил дека планира да му стави крај на десетгодишниот брак.

Ја замолил сопругата повеќе да не го користи неговото презиме и го обвини Свеиндискиот национален конгрес дека му го уништил семејството.

„Ми ја украдоа жената, ми ја одземаа љубовта“, изјавил пратеникот.

Двојката од тогаш има дадено неколку интервјуа и лични, но и политички.

„Таа беше мојата љубов. Ми беше добра жена. Мојата единствена слабост. Се разбира дека ме погоди ова. Заедно поминавме десет години“, изјавил тој.

Тој признал дека неговата сопруга одиграла голема улога во минатогодишната победа на владејачката партија. Тој не бил во можност да учествува во кампањата, поради кривичен прогон, а таа наместо него патувала во селата и држела говори.

Таа го обвинила дека ја злоставувал во последните 10 месеци.

„Беше презафатен со политика. Со месеци немаше време за мене. Не ме прашуваше дали сум јадена и спиена“, изјавила таа, обвинувајќи ги и лидерите на партиите дека и го уништиле бракот.

„Ова е масло на владејачката партија. Тие го натераа да ме остави“, изјавила таа во едно од своите интервјуа.

Scroll to Top