Пред 154 години Американците ја купиле Алјаска од Русите за 7.2 милиони долари

На денешен ден, во 1867 година, во Вашингтон руската делегација им го предала на Американците потпишаниот договор од царот Александар II со што формално САД станале сопственици на Алјаска.

Русија тогаш инсистирала на продажба на својата територија во Северна Америка, а прво му ја имале понудено на Лихтенштајн чиј богат принц сепак одбил да ја купи. Потоа конечно нашле купец во САД.

Американците ѝ платиле на царска Русија 7,2 милиони долари што денес е околу 110 милиони. Иако потоа нашле злато, до ден денес Американците немаат остварено профит од земјата со кој би излегле во плус од зделката.

Дури на 18 октомври истата година Американците го подигнале знамето на својата нова територија.

Scroll to Top