Израелската полиција уапсила познат и моќен адвокат во рамки на истрагата за сомнителен обид да промовира две личности во судии во замена за сексуални услуги.
Полицијата не го открива идентитетот на уапсениот адвокат, но е познато дека тој високо котирал во израелскиот правосуден систем, пишува Haaretz. Тој со своето влијание се обидел да промовира негова колешка во општинскиот суд и негов колега во окружниот суд. Во замена за тоа од нив барал сексуални услуги.
Полицијата се сомнева дека адвокатот во едниот случај имал сексуаел однос со една од кандидатките за местото судија, а во другиот со сопругата на мажот, негов колега, кој сакал да стане судија во окружниот суд.
Под истрага е и сопругата на неговиот колега, која исто така работела како адвокат. Таа со тоа што спиела со него, сакала да му овозможи унапредување на својот сопруг. Пред истражителите таа ги демантирала сите обвинувања.
Истрагата околу невидениот правосуден скандал почнала пред две недели, а полицијата веќе извела истрага во домовите на осомничените, но и во Израелската адвокатска комора.
בתוך בליל ההסתה מהארץ ושות’, יש מאמר מדויק אחד, של חיים שיין בישראל היום. תקראו ושתפו. pic.twitter.com/lRCJUQumVi
— איילת שקד ayelet shaked (@Ayelet__Shaked) January 17, 2019
Извори блиски до истрагата наведуваат дека клучниот доказ на истражителите била преписката која настанала меѓу осомничените. Поточно преписката меѓу адвокатот и двете жени со кои тој завршил во кревет.
The lawyer whose sex/racketeering scandal has rocked Israel all day is none other that Israel Bar Association President Effi Naveh. He’s a beaut. https://t.co/To98Z8Ij2i
— Noga Tarnopolsky (@NTarnopolsky) January 16, 2019
Интересно е што сето ова се случило пред повеќе од две години, бидејќи спорните судии се именувани и нормално работат уште од 2016 година. Полицијата на информативен разговор ја повикала и министерката за правосудство Ајелет Шакед, како и челничката на Врховниот суд Естер Хајут.
Тие во тој период биле во одборот за именување на судии.
„Очекуваме истрагата да ја открие вистината. Ги отфрламе сите обвиненија дека сме учествувале во било какви коруптивни дејности“, стои во соопштението кое заеднички го потпишале Шакед и Хајут.