Премиерот на Малта избран за криминалец на годината

Според Агенцијата за известување и откривање организиран криминал и корупција (OCCR), премиерот на Малта, Џозеф Мускат, е „криминалец на годината“. Главните фактори што влијаеле во оваа одлука е убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција, матните офшор бизниси и тоа што оваа медитеранска држава се најде во канџите на криминалците.

„Под водство на Мускат, во оваа земја процветаа криминалот и корупцијата. Многу случаи завршија неказниво, што создаде атмосфера која доведе до голем број убиства, меѓу кои и она на истражувачката новинарка Дафне Каруана Галиција, велат истражителите и критичарите на владата“, пишува OCCR.

Истрагата за убиството на новинарката која ја откри корупцијата во врхушката на владата со години тапка во место. Клопчето почна да се одмотува во ноември, кога е уапсен наводниот организатор, познатиот бизнисмен од Малта Јорген Фенек, кој е близок пријател на Мускатов и долгогодишен соработник на шефот на кабинетот на премиерот, Кит Шембри. Шембри беше уапсен и испрашуван во врска со убиството. Мускат одбил да ги смени официјалните лица од неговиот кабинет и даваше отпор на сè поголемиот притисок да поднесе оставка.

„Мускат покажа целосен презир кон медиумите, слободата на говор и овозможи на корумпирани фигури да поминат неказнето и да нарачуваат убиства“, изјавила Луиз Шели, директорката од центарот за следење тероризам, транснационален криминал и корупција на Универзитетот „Џорџ Мејсон“.

OCCRP со оваа награда им укажа чест на храбрите истражители за ова гнасно убиство и покажа дека моќните лица можат да бидат натерани да сносат одговорност.

OCCRP потсетува дека Куруан Галиција и нејзините колеги редовно пишувале за тоа како Малта под водство на Мускат станала рај за организираниот криминал и корупција – измама за програмата на златни визи, шверц на оружје, нафта, дрога, перење пари и овозможување на италијанските криминални групи да оперираат низ државата. Новинарите се жалеле дека владата на Мускат ги заплашувала, наместо да ги истражува нивните тврдења. Откако е убиена, во експлозија на бомба во октомври 2017 година, 45 новинари од меѓународните медиумски организации ја продолжиле нејзината работа, што помогнало во откривањето на информациите кои го поткрепуваат нејзиното известување. Речиси 20.000 луѓе излегле на улиците на 1 декември во Валета, барајќи правда за Каруан Галиција и повикувајќи го Мускат да поднесе оставка.

Мускат најави дека ќе се повлече во јануари, по речиси седум години на функцијата премиер. OCCRP, непрофитната медиумска организација која обезбедува платформа за истражувачко новинарство за мрежа од 45 непрофитни центри во 34 држави од 2012 година, одбира личност на годината во организираниот криминал и корупција.

Имињата ги предложуваат новинари и претставници на јавноста. Минатата година е избрана банката на Данска, поради улогата во големиот скандал со перење пари. Оваа година во финалето влегоа претседателот на САД, Доналд Трамп, кој беше обвинет дека го прекршил законот со тоа што вршел притисок на претседателот на Украина да го истражи политичкиот противник на претстојните избори, како и неговиот личен адвокат Руди Џулијани.

Пред четири години неславната титула ја однесе премиерот Мило Џукановиќ, поради промовирањето на криминалот, корупцијата и неграѓанското друштво.  OCCRP тогаш навело дека Џукановиќ создавал репресивна политичка атмосфера и економија, која ја гушела корупцијата и перењето пари.

Сите добитници на титулата криминалец на годината:

2019: Џозеф Мускат

2018: Данска банка

2017: Родриго Дутерте

2016: Николас Мадуро

2015: Мило Џукановиќ

2014: Владимир Путин

2013: Романскиот парламент

2012: Илхам Алијев

Scroll to Top