Четири лица претепале диџеј минатиот викенд на Ибица затоа што 10 пати ја пуштил песната „Деспасито“.
Инцидентот се случил во еден ноќен клуб кога момците почнале да го удираат и шутираат диџејот, а на крајот морало да интервенира полицијата, која ги уапсила напаѓачите.
Еден од нив изјавил дека диџејот и покрај предупредувањата да не го прави тоа, цела вечер го пуштал хитот на Луис Фонси.