Претепан диџеј кој 10 пати ја пуштил песната „Деспасито“

Четири лица претепале диџеј минатиот викенд на Ибица затоа што 10 пати ја пуштил песната „Деспасито“.

Инцидентот се случил во еден ноќен клуб кога момците почнале да го удираат и шутираат диџејот, а на крајот морало да интервенира полицијата, која ги уапсила напаѓачите.

Еден од нив изјавил дека диџејот и покрај предупредувањата да не го прави тоа, цела вечер го пуштал хитот на Луис Фонси.

Scroll to Top