Претседателот ќе си поднел оставка, само ако некој му донел селфи со Господ

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте, ветил дека ќе поднесе оставка доколку некој му докаже дека постои Господ.

„Доколку постои и еден сведок кој може тоа да го докаже, дали со фотографија или селфи, во кое ќе се види дека луѓето можат да разговараат и да го видат Господ, веднаш ќе поднесам оставка“, изјави Дутерте.

Тој со тоа уште еднаш го предизвикал бесот кај народот во својата земја во која живеат претежно католичко население, пренесува АП и додава дека неодамна Дутерте исто така на наљутил јавноста кога го нарекол Господ глуп.

Овој пат Дутерте во текот на својот говор на отворањето на научно технолошкиот собир во Давау, се осврнал на основните начела на католичката вера, меѓу останатото и на првиот грев.

Scroll to Top