Претседателот на Ел Салвадор направи селфи во салата во Обединетите Нации

Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле, направи селфи пред присутните во салата во Обединетите нации, каде требаше да одржи говор. На изненадување на многумина, тој го извади телефонот и ги замоли да почекаат додека го почне говорот.

„Верувајте ми, многу повеќе луѓе ќе го видат ова селфи, отколку што ќе го слушнат мојот говор“, изјавил Букеле пред да го одржи говорот.

Букеле пристигна во салата за говор заедно со својата сопруга Габриела и ќерка Лајла, кои исто така го слушаа неговиот претседателски говор.

Букеле им порача на своите колеги да го следат чекорот со времето и повеќе време да минуваат со младите во своите земји. Букеле кој претходно бил градоначалник на главниот град Сан Салвадор, вели дека е чест корисник на социјалните мрежи. Во својот говор ја спомена својата победа на изборите, за која вели дека се случила благодарение на „Фејсбук“. Тој објасни дека неговите противници ја немале сватено значајноста на социјалните мрежи.

„Можеби за неколк години, илјадници од нас нема да мораат да патуваат во Њујорк за да се состанат во оваа зграда“, изјавил Букеле коментирајќи го своето селфи, кое го направи под логото на Обединетите нации, на говорницата, во Генералната сала.

„Серијата видеоконференции би чинела неколку стотина милиони долари помалки и сигурен сум дека ќе го даде истиот ефект, ако не и поголем“, додал Букеле.

По завршувањето на говорот, Букеле ја објави фотографијата на „Твитер“, каде за помалку од еден час заработи повеќе од 7000 лајкови.

Scroll to Top