Преживеала во шума десет дена – Целата била со рани и ослабела 22 килограми

 

„Лиса Терис (25) од Луивил во Кентаки, преживеала нешто помалку од месец дена, целосно сама, во шума. Како што се наведува, јадела печкурки и диви бoбинки, била целата со лузни и каснувања од бубачки, а ослабела и 22 килограми.

Теро се изгубила во Мидланд во Алабама без облека, телефон и торба, а случајно ја пронашол мотоциклист кој приметил дека „нешто се мрда во грмушката“.

Пред да исчезне, била во друштво на двајца мажи кои подоцна извршиле вооружен грабеж. Таа истакнува дека побегнала затоа што не сакала да биде дел од тоа.

Шерифот Рејмонд Роџер изјави дека Терисова, која е студентка по радиологија, побегнала во текот на ноќта во шумата во која се изгубила.

„Вели дека пиела вода од потокот, јадела бoбинки и печурки. Бубачките ја изеле и целата е со рани. Не ја испрашувавме премногу. Сакавме да се погрижиме дека е здрава па ја префрливме во болница“, изјави Роџерс.

Истрагата е во тек.

 

Scroll to Top