Британскиот принц Ендру ја избегна традиционалната прошетка со кралското семејство на божиќната миса, пренесуваат британските медиуми.
Ендру не се појавува во јавност откако минатиот месец отстапи од сите кралски должности поради вмешаноста во скандалот со педофилија и неговата поврзаност со американскиот милијардер Џефри Епстајн.
Епстајн изврши самоубиство во затворот откако беше уапсен поради заведување на малолетнички и нивно ангажрање за припадници од друштвената елита. Ендру негирал дека имал непримерни односи со тие девојки.
Принцот е снимен како со неговиот брат принцот Чарлс оди на утрешна миса во црквата Света Магдалена на кралскиот имот во Сандрингмен, на истокот од Англија.
Ендру сепак не им се приклучил на останатите членови на кралското семејство кога влегле на главаната миса во 11 часот, што инаку е обврзителен обичан во кралскиот календар.