Приведен поранешниот француски претседател Саркози

Поранешниот француски претседател Николас Саркози утрово бил приведен на разговор од страна на полицијата во врска со истрагата за финансиските нерегуларности за време на неговата изборна кампања во 2007 година.

Неговиот адвокат не бил достапен за коментар.

Во 2014 година француската телевизија France-3 дигна бура во јавноста откако емитуваше аудиоснимка од разговор со Муамер Гадафи. Покојниот либиски лидер тврдел дека во 2007 година ја финансирал претседателската кампања на Саркози.

„Јас го направив претседател“, изјавил Гадафи во интервју што го дал во 2011 година.

Николас Саркози беше претседател на Франција во периодот меѓу 2007 година и 2012 година.

Scroll to Top