Во неделата вечерта се случи дефект на глобално ниво при што дошло до прекин социјалните мрежи „Снапчет“, „Јутјуб“ и „Гугл“. Од „Гугл“ ја потврија веста и објаснија дека станувало збор за загушување на мрежата.
За време на дефектот, социјалните мрежи не биле достапни или работеле побавно од вообичаено. Најголемото ниво на загушување на мрежите се случило во САД.
Комапнијата „Гугл“ го идентификувала проблемот на „Гугл Клауди“, наведувајќи дека корисниците имале побавни перформанси или грешки, кои се појавувале во текот на траењето на проблемот.
„Инженерите ја завршија првата фаза од проблемот и сега работат на втората фаза. Очкеуваме наскоро работите да се вратат во нормала“, порачуваат од компанијата.