Продавачка доби отказ затоа што на девојче му ја открила вистината за Дедо Мраз

Продавачка во Шпанија добила отказ затоа што на едно од децата со родители кои пазареле во дуќанот пред три години му ја открила вистината за Дедо Мраз. Судот сега одлучил дека таа нема да може да се врати на работа.

Судот во Санта Круз де Тенерифе одлучил дека отказот бил оправдан и со тоа ја одбил нејзината жалба, која ја поднела за време на Божиќ во 2015 година.

Работејќи во секторот за продажба на накит и часовници во „Ер корте инглес“, таа на  родителите на  седумгодишно девојче им сугерирала да одат во другиот дел од продавницата за мајката на девојчето да може слободно да купи божиќни подароци.

Девојчето било избезумено откако дознало дека божиќните подароци ги купуваат нејзините родители, кои и самите останале вчудовидени од изјавата на продавачката, пишува во образложението на пресудата.

И пред овој инцидент продавачката неколкупати се однесувала непримерно.

 

 

Scroll to Top