Професор од Струга со метален предмет претепал средношколец

Професор со метален предмет денес попладне повредил ученик во средното училиште „Ибраим Темо“ во Струга. Ученикот, бил примен на Хируршкото одделение со повреда на главата, потврди директорот на струшката Болница Арменд Арслани.

„Од одделението за Хирургија ме известија дека во 13 часот и 45 минути е примено дете со повреда на главата. Извршено е шиење и детето е пуштено на домашно лекување“, изјави Арслани.

Полицијата, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, го привела сторителот, 57-годишен стружанец.

 

Scroll to Top