Студијата на Универзитетот „Стенфорд“ покажа дека компјутерскиот алгоритам може точно да ја утврди разликата меѓу геј и стрејт-мажите во огромен процент од случаите.
Вештачката интелегенција може со голема точност да погоди дали одредени луѓе се геј или стрејт, и тоа само врз основа на фотографијата од нивните лица.
Податоците од истражувањата се засноваат на примерок од повеќе од 35.000 фотографии на лица, кои мажите и жените ги објавуваат на американските интернет-страници за запознавање. Авторите на истражувањата, Михал Косински и Јилун Ванг, податоците ги добиле користејќи длабоки неутрални вежби, односно софистицирани математички системи кои ги учат како да ја анализираат сликата врз основа на голема база на податоци.
Истражувањето покажало дека геј-мажите и жените често имаат црти на лицето што не се типични за нивниот род, што во суштина значи дека геј-мажите често се женствени. Податоците покажале дека геј-мажите често имаат потесна вилица, подолг нос и поголемо чело за разлика од стрејт-мажите, а геј-жените имаат широка вилица и помало чело во однос на стрејт-жените.
Луѓето на кои им е погодена сексуалната ориентација врз основа на фотографијата имале многу лоши резултати од алгоритамот, па погодиле само 61 отсто кај мажите и 54 отсто кај жените.
Софтверот бил многу успешен, сексуалната ориентација е погодена кај 91 отсто од мажите и 83 отсто кај жените.
Студијата иницира прашања од биолошкото потекло на сексуалната ориентација, како и етички исправно препознавање на лицето, а доведени се во прашање и проблемите во врска со нарушувањето на приватноста на испитаниците.