Пронајден јапонски разорувач од нападот на Перл Харбор

Јапонскиот разорувач „Исоказа“, кој бил користен во нападите од страна на јапонските сили, врз американската воена база Перл Харбор за време на Втората светска војна, е пронајден југоисточно од бреговите на Јапонија.

Компанијата „Фукада Сaлвад и Марин Воркс“ го открила разорувачот „Исоказа“, кој учествувал во познатиот изненадувачки напад на Перл Харбор во 1941 година, како и во битката кај Мидвај една година подоцна.

Потопен е на 7 април 1945 година додека го следел легендарниот супервоен брод „Јамато“ кон островот Окинава, со цел да го одбрани.

Разорувачот бил долг 111 метри и широк 10 метри. Неговата тежина изнесувала 2.500 тони. Остатоците биле пронајдени во 2016 година, но веста за неговото откритие е објавена дури сега.

 

 

Scroll to Top