Пронајден украден дијамант вреден 17 милиони евра

Полицијата во Дубаи соопштила дека во четвртокот пронашла редок модар дијамант вреден 17 милиони евра, кој бил украден и потоа прокриумчарен во Шри Ланка.

На видеоснимката објавена на социјалните мрежи полицајците наведуваат дека дијамантот го украл чувар од компанија за меѓународен пренос на пари, кој успеал да онеспособи три безбедносни системи.

Драгоцениот камен потоа со трговски брод бил испратен на Шри Ланка, а бил сокриен во чевли.

Полицијата навела дека дијамантот го пронашла откако го пребарала целиот багаж на бродот. Успешниот резултат на акцијата на полицијата е резултат на сослушувањето на стотина осомничени и прегледани снимки низ безбедносните камери, на кои биле потрошени илјадници часови, наведува извор близок до истрагата.

Главниот осомничен бил уапсен во Емирати, во близина на Дубаи. На крајот ја признал вината.

Не наведувајќи кој е неговиот сопственик, полицијата во Дубаи објави дека дијамантот е највреден предмет кој до сега бил пронајден.

 

Scroll to Top