Пронајдени исчезнатите момчиња во пештера во Тајланд

Дванаесетте момчиња и нивниот фудбалски тренер кои се загубија во пештера во Тајланд беа пронајдени живи, објави тамошниот регионален гувернер.

„Сите се на безбедно. Тие се лоцирани од специјални единици“, изјави Наронгсак Осотанакорн.

Децата сѐ уште не се извадени на површина. Службите велат дека спасувачката акција ќе биде ризична и сложена поради надојдената вода и големи количества кал.

Момчињата на возраст од 11 до 16 години и нивниот 25-годишен тренер исчезнаа на 23 јуни, кога тргнале да го истражуваат пештерскиот систем Там Луанг во областа Чијанг Раи. Оттогаш нивната судбина беше непозната.

„Тие се на сигурно, но нашата мисија не е комплетирана. Нашата мисија е барај, спаси, врати. Засега само ги пронајдовме“, додаде гувернерот.

 

Scroll to Top