Пронашол писмо во шише кое пловело низ океанот 50 години

Рибарот Пол Елиот објави денес дека трага по авторот на пораката во шишето кое го пронашол на југот на австралискиот брег и за кој вели дека е стара 50 години.

Според неговите зборови, тој и неговиот син го нашле шишето додека рибареле, а како што вели, авторот на пораката е Пол Гибсон, кој себе си се опишал како 13 годишно момче од Англија, кој со крузер патувал од градот Фрементл на запад до Мелбурн на истокот на Австралија, пренесува агенцијата „Асошиетед прес“.

Државниот океанограф Дејвид Грифин, изразил неверување велејќи дека шишето не можело да плови 50 години на југот на Австралија, затоа што океанот не мирува.

Како што вели Грифин, шишето најверојатно било закопано во песок на плажата, а потоа бурата го однела во морето.

„Ако е фрлено во морето на југот на Австралија, нема шанси да останало на истото место подолго од една или две години“, изјавил Грифин.

Како што наведува, стотина илјади Британци емигрирале во Австралија во 60-те години од минатиот век, но само четвртина од нив се вратиле во Велика Британија, затоа што Австралија не ги исполнила нивните очекувања.

 

Scroll to Top