Во Лондон ќе се отвори првиот проѕирен небесен базен на светот. Во план е базенот да се отвори на 19 мај. Пливачите ќе имаат можност да почувствуваат како е да се плива на височина од 35 метри. Тие буквално ќе лебдат во воздухот.
Базенот ќе ги поврзува двете ексклузивни станбени згради кои се направени во новата населба Најн Елмс во јужен Лондон.
25-метарскиот базен многу наликува на аквариум. Тој бил направен во фабрика во Колорадо. Тој ќе се наоѓа на 10. спрат и ќе биде главната атракција на комплексот Ембаси Гарденс покрај реката Темза, во кој биле вложени една милијарда фунти.
Пливачите ќе можат да уживаат во погледот на централен Лондон, вклучувајќи ги зградата на парламентот. Лондонско око и градската панорама.
Базенот е широк пет, а длабок три метри и содржи 375 тони вода.