Дали сте знаеле дека редовното јадење само на еден продукт може да ве спаси од тоа да добиете рак на желудникот, еден од најсмртоносните облици на малигни болести?
Тој секогаш е на трпезата, во лето и во зима, а во зима често е во скиселен облик. Ако сте помислиле на зелката, не сте погрешиле!
Киселата зелка на нашите предци им е една од главните зимски продукти и извор на витамин Ц. Денеска сѐ уште ја следиме традицијата на подготовка на кисела зелка за зимница. Вистината е дека многу традиции изумираат, но оваа не смее да се случи затоа што киселата зелка е исклучително хранлива и лековита.
Киселата зелка отскогаш била ценета, посебно како лек
Начинот на нејзина подготовка потекнува од Словените, а се користи до ден-денешен. Познато е дека морепловецот Џејмс Кук својот екипаж го хранел со кисела зелка за превенција од опасен скорбут.
Себастијан Кнеип со него ги лекувал дијабетесот, воспаленијата, изгорениците. Лековитоста од киселата зелка ги има надминано голем број познати билки. Сто грама сурова кисела зелка содржи дури 20 милиграма витамин Ц.
Следуваат витамин А, фолна киселина, магнезиум, железо, фосфор, калциум, натриум, протеини. Одличен извор е на витамин Б12 поради тоа што посебно им се препорачува на вегетаријанците и веганите.
Црвената зелка е и до седум пати полековита од белата, а нејзината боја укажува дека содржи и лековити антоцијанини.