Првата мачка заболена од коронавирус

By

Мачка во Велика Британија стана првото животно позитивно на коронавирус, пишува „Скај њус“. Сè што се знае за ова животно е дека живее во Англија и дека било тестирано во лабораторија на 22 јули.

Се верува дека мачката се заразила од своите стопани, кои претходно биле тестирани позитивно на Ковид-19, но сите членови од семејството, како и животното целосно закрепнале.

Засега не постојат сознанија и докази дека мачката е таа што им го пренела вирусот на стопаните. Исто така, не е познато дали некое домашно животно е способно да го пренесе вирусот.

Ветеринарката Кристин Мидлемис објаснила дека станува збор за редок случај и дека животните кои досега биле тестирани имале блага клиничка слика и дека заздравиле за неколку дена.

Директорката од центарот за јавно здравје, Ајвон Дојл, вели дека ова откритие не треба да биде причина за паника.

„Во линијата на препораки во борбата со коронавирусот, треба да се мијат редовно рацете, вклучувајќи и пред и по контактите со животните“, вели таа.

Локалниот ветеринар направи дијагностика на херпесот на мачката, респираторната инфекција, но во рамки на истражувањето на Агенцијата за здравје, животни и билки, оваа мачка била тестирана и на Ковид-19.

Слични случаи се пријавени претходно и во Хонгконг, Белгија, Франција, Германија, Швајцарија, Шпанија и САД, а во април бил заболен и еден тигар во зоолошката градина во Њујорк.

 

Ќе ви се допадне