Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, вели дека силувањето и убивањето жени од страна на јапонски војници за време на Втората светска војна е злосторство против човештвото, што предизвикало протест во Јапонија.
За време на обраќањето на церемонијата на обележување на националниот ден на корејскиот отпор од јапонскиот окупатор Мун истакна дека Јапонија не може да каже дека оваа тема е затворена.
„Прашањето за злосторството против човештвото во време на војна не може да биде затворено само со еден збор“, истакна јужнокорејскиот претседател.
Јапонскиот шеф на кабинет, Јошхода Суга, изјави дека изјавата на Мун е неприфатлива и за жалење.
Суга се заложил за соработка со Јужна Кореја и Јапонија во врска со заканите што доаѓаат од Северна Кореја.
South Korea president says Japan cannot declare issue of former wartime sex slaves “over”. Activists in Seoul protest against 1910-1945 Japanese colonial rule on Independence Movement Day. https://t.co/vtCRPrKAch pic.twitter.com/y7kKr8hbcO
— AFP news agency (@AFP) March 1, 2018
Размената на остри зборови почна кога корејските официјални лица во вторникот за првпат ја објавиле една од ретките снимки од Втората светска војна, на која се прикажани над десетина корејски сексуални робинки кои се силувани и убиени од страна на јапонски војници.
Убиени се во едно кинеско село во 1944 година, на денот кога Јапонците изгубиле една голема битка, пишуваат корејските медиуми. Историчарите тврдат дека околу 200.000 жени биле присилени да работат во јапонски воени бордели ширум Азија од 1932 година до крајот на војната.
Јапонија се извинила на жените и ветила 9,5 милиони долари помош според постигнатиот договор во 2015 година, но Јужна Кореја неодамна побарала прашањето повторно да се отвори.