Првпат во Скопје никој не го фати крстот, капачите се откажаа од материјалната награда

Осветувањето на водите на Вардар и положување на Светиот крст во Скопје се одржа точно напладне на мостот „Слобода“ кај Холидеј ин. Поради пандемијата, учествуваа само 30-тина пријавени граѓани, но овој пат го избегнаа традиионалното пливање и сите заедно прегрнати го дочекаа положувањето на крстот.

Капачите по излегувањето од водата изјавија дека сакале да испратат порака за единство, братство и сплотеност. Тие додадоа дека добиените награди од спонзорите и градот Скопје ќе бидат донирани, а православната скопска епархија тоа го прифати.

„Крстот ќе биде во сите нас, ние ќе го вратиме во Црква и се одрекуваме од сите материјални награди. Оваа година имаме повеќе среќници, а не еден среќник“, порачаа тие.

Scroll to Top