Путин го предложи Медведев за нов премиер

Рускиот претседател Владимир Путин пред државната Дума предложи да се разгледа кандидатурата на Дмитри Медведев на местото премиер, соопштија денес од Кремљ.

„Во согласност со точката А, член 83 и член 111 од Уставот на Руската Федерација, претседателот ја поднел кандидатурата на Дмитри Медведев за одобрение од страна на државната Дума за негово именување за претседател на владата на Руската Федерација“, се наведува во соопштението.

Минатата Влада поднела оставка денеска на денот на инаугурацијата на Владимир Путин.

Медведев има 52 години. Последните шест години беше на чело на руската влада. Претходно, четири години беше претседател на државата.

 

 

Scroll to Top