Путин ги протера Бил Гејтс и „Мајкрософт“ од Русија

Рускиот претседател Владимир Путин ја забрани продажбата на производи на „Мајкрософт“ во Русија и го стави Бил Гејтс на листата за набљудување од страна на Федералната безбедносна служба.

Наведувајќи дека поради загриженоста за сигурноста и безбедноста, Путин наредил отстранување на компаниите за софтвери на „Мајкрософт“ од Русија.

Портапоролот на владата, Сергеј Железнијак, објаснил дека „Мајкрософт“ бил фатен во извршување минутен надзор на милиони граѓани на Русија, како и граѓани од други земји.

„САД, кои се претставуваат како бастион на демократијата, всушност спроведуваат минутен надзор над десетина милиони граѓани на Русија и другите земји. Сите главни интернет-компании што настанале во САД се вклучени во оваа страшна приказна, а таа компанија дејствува на територијата на нашата земја“, изјавил портпаролот на Кремљ.

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, бил ставен на безбедносната листа на Федералната безбедносна служба за понатамошна истрага со надеж дека Кремљ ќе се му приклучи на Џорџ Сорос и Јакоб Ротшилд на црната листа на Руската Федерација.

Поддршка на домашната индустрија

„Блумберг“ известил дека Артем Емолаев, водителот на информациската технологија во Москва, и рускиот министер за комуникација на владата, Николај Никифоров, дека Москва на почетокот ќе ги замени Microsoft Exchange Server и Outlook со илјадници компјутери со системот за имејл-пошта од страна на руската компанија Rostelecom PJSC.

Следните години ќе инсталираат софтвер што го има развиено компанијата New Cloud Technologies, втор руски доставувач на софтвер, на милиони компјутери. Дури и Microsoft Office и Windows ќе бидат заменети со домашни верзии, изјавил Ермолаев.

„Сакаме парите од даночните обврзници и државните претпријатија првенствено да ги трошиме на локален софтвер“, изјавил Никифоров додавајќи дека в година државата ќе го стисне ременот на фирмите и државните институции што нема да се одлучат за домашните алтерантивни софтвери.

„Мајкрософт“ не одговори на барањата за коментар.

 

Scroll to Top