Путин им го честиташе 8 Март на сите жени

Рускиот претседател Владимир Путин им го честиташе на сите Русинки Денот на жената рецитирајќи песна од времето на СССР „Жената е љубезна и мирна фигура во животот на секој маж“.

Денот на жената е национален празник во Русија и еден од најважните празници наследени од времето на советскиот период. Еве што Путин им порача на руските дами:

Сето ова  е за вас дами. Среќни сме што имаме ваква прекрасна можност повторно да го изразиме нашето длабоко почитување кон вас, нашата фасцинација со вашата убавина и нежност.

Денеска вам мажите ви даваат подароци што ги имаат подготвено од срце, тие им честитаат среќен празник на своите мајки, сопруги, ќерки, пријателки и колешки.

Само жените можат да создадат пријатна атмосфера на работа и дома, секојдневно да се грижат за нашите домови и на децата да и им даваат морален пример.

 

Знаеме дека женското срце е најубаво, а дека нивното простување е најмоќно. И знаеме дека мајчинската љубов навистина е бескрајна.

Подигањето на детето е радост и одговорност, и е вреден чин на мајката, вклучувајќи ги и оние мајки кои ја даваат својата љубов усреќувајќи ги посвоените деца.

Жената е љубезна и ведра фигура во животот на секој маж. И преубавата традиција на рецитирање на песни за 8 март исто така се развива во нашата земја“.

Потоа Путин ги прочита стихови од познат поет од добата на СССР, а за крај порача: „Среќен Меѓународен ден на жената! Бидете сакани и среќни!

 

 

Scroll to Top