Путин ја подигна црноморската флота, борбената готовност на највисоко ниво

Воздушната одбрана на руската флота на Црното Море издала предупредување за напад, напишал шведскиот политичар Карл Билт на својот твитер-налог. Веста ја пренеле и другите медиуми, но засега се чека официјална потврда.

Некои медиуми пренеле дека руското Министерство за одбрана издало наредба борбената подготвеност на руската црноморска флота да се подигне на највисоко можно ниво ѝ да се издаде предупредување за евентуален напад откако е забележано дека воените бродови на коалициските сили на чело со САД, Велика Британија и Франција тргнале кон Сирија.

Според некои информации, до нападот би можело да дојде во наредните 24 часа.

За потсетување, американскиот претседател Доналд Трамп се закани со воен удар над Сирија поради наводниот напад со хемиско оружје врз цивилите и предупреди дека Русија или која било друга земја за која ќе се утврди дека е одговорна за тој напад ќе ја плати цената.

Од друга страна, рускиот амбасадор во Обединетите нации, Васили Небензја, го обвини Вашингтон дека намерно поттикнува меѓународни тензии и закани кон Русија со тон кој не бил прифатлив дури ни за време на Студената војна.

 

 

Scroll to Top