Путин кампуваше во шума, ловеше, а ни ладната вода не го спречи да плива

By
Тој напомена дка климата во тој крај е остра и дека температурата на водата во езерата ретко кога преминува и преку 17 Целзиусови степени, но истакна дека „тоа не го пречило претседателот да плива“.

dobivaj vesti na viber

Рускиот претседател Владимир Путин, оваа недела беше на дводневен одмор во јужен Сибир, каде кампуваше во густата сибирска шума, пешачел и ловек на планинските езера, а минал и два часа во подводен лов, изјави денеска на новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Путин, според неговите зборови, од 1 до 3 август на патот кон Балговешченск, направил дводневна пауза, во Тива на југот на Сибир, а друштво за време на краткиот одмор му правеле министерот за одбрана Сергеј Шејгу, и претседателот на Република Какасија Виктор Зимин, и градоначалникот на Тива Шолбан Кара-ул“, пренесува Тас с.

„Ова не е прв пат да Путин го посети овој дел од земјата поради одмор и рекреација, но секогаш целта му е да посети некое ново место, баш како сега“, изјави Песков.

Тој напомена дека климата во тој крај е остра и дека температурата на водата во езерата ретко преминува преку 17 Целзиусови степени, но истакна дека „тоа не го спречил претседателот да плива“.

 

 

Додека нуркал, за време на подводниот риболов, Путин снимил необична слика „GoPro“, со камера која ја имал инсталирано на маската, а тие снимки, заедно со другите видео снимки и фотографии, вклучувајќи ги и оние направените од квадрокоптер, наскоро ќе бидат објавени, додаде портпаролот на претседателот.

„Ловел штука два часа, и на крајот ја уловил. Беше тоа кратко, но интересно патување“, заклучил Песков.

Во понеделникот на 7 август, снимката и фотографиите од одморот на Путин ќе бидат објавени најпрво на ТВ каналите, а нешто подоцна и на сајтот на Кремљ, наведува руската агенција.

 

Ќе ви се допадне