Путин ќе го брани Косово пред Обединетите Нации и НАТО

Директорот на Владината Канцеларија за Косово и Метохија Марко Џуриќ вели дека многу е важно тоа што Србија не е сама во меѓународната арена во борбата за јужната српска покраина и што има голема поддршка од Русија и претседателот Владимир Путин.

„Во Србија понекогаш се заборава колку е важно прашањето за Косово и Метохија и колку е моќно меѓународното право и меѓународното политичко прашање. Руската Федерација доследно помага на Србија во нејзината борба и таа помош не изостанува нѝ тогаш кога Москва и самата има големи и сериозни проблеми на надворешен план. Тоа е духот на традиционалното пријателство кои грижливо го имаме негувано низ историјата ѝ кој ќе продолжиме да го негуваме“, вели Џуриќ коментирајќи го фактот дека претстаници на Русија во Обединетите Нации, Европската Унија, НАТО и ОЕБС, упатиле демарш до овие организации по повод последните настани на Косово.

Сите руски претстаници добиле инструкции до надлежните во ОН, ЕУ, НАТО и ОЕБС укажувајќи на пропустот на КФОР и ЕУЛЕКС, чија задача била зачувување на редот и мирот во склоп со Резолуцијата 1244. Овој потег Кремљ, како што објавиле Вечерни Новости, освен што претставува силно застапување на ставовите на Белград на меѓународната арена, практично е првата конкретна последица на телефонскиот разговор на претседателите на Србија и Русија, Александар Вучиќ и Владимир Путин. А тој демарш кој руските дипломатски претставници ќе го вложат е ново зацврстување на Резолуцијата 1244, која, според оценките од Москва, се темели на сите разговори за статусот на Косово.

До пораст на тензиите меѓу Приштина и Белград стигна во понеделник на 26 март, кога во акција на специјалните единици и полицијата на Косово на северот на Косовска Митровица уапсен беше Џуриќ. Косовските специјалци упаднале вооружани и со шок бомби во салата во Митровица. Повредени беа 32 лица.

Scroll to Top