Високотехнолошкото вооружување, кое е направено во Русија, судејќи според сè, е недостижно за другите земји, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.
„Долго работевме на него, за тоа веќе зборував во 2004 година, а сега е 2018 година. Знаеме дека и другите земји исто така се обиделе да го направат тоа. Судејќи според сè, сè уште не успеале од некоја причина“, изјави Путин на медиумскиот форум на Рускиот народен фронт.
Рускиот лидер изјави дека Русија успеала да развие нов систем на вооружување, меѓу другото, и затоа што има одговарачки материјали или ласерско оружје, кое го спомна на самиот крај. Тоа е некој вид научна фантастика“, изјавил Путин.
Претседателот на Русија исто така спомена дека Русија развила хиперсоничен ракетен систем „Авангарда“, кој, според неговите зборови, во текот на летото ќе личи на метеор.
„Тоа е фантастично. Ќе лета со брзина од 20 маха во густите слоеви на атмосферата и ќе се движи како метеор. Температурата на површината изнесува од 1.600 до 2.000 Целзиусови степени и со неа ќе може да се управува на илјадници километри. Тоа значи, пред сè дека сигналот ќе минува, а тоа стана можно поради тоа што се појавија современи материјали. Без современите материјали ова не би било можно“, истакна Путин.
Путин не ја исклучи можноста напредната воена технологија да биде употребена во цивилната индустрија велејќи дека тоа е потребно да се постигне и дека се работи на тоа.
Одговарајќи на прашањата на учесниците на медиумскиот форум „Вистина и правда“, Путин истакна дека новиот воен развој е прикажан на федералното собрание е резултат на работата во научното подрачје, бирото за проектирање и производствените компании на речиси целата територијата на земјата. Тоа се десетина претпријатија и илјадници вработени.
„Тоа значи дека имаме голем работен систем кој создава конечен производ, кој вклучува наука, образование, кадри и современи производни капацитети. И тоа ни дава надеж дека сето ова ќе можеме да го користиме и применуваме во цивилната индустрија. Кон тоа мора да се насочиме и ние ќе се движиме во таа насока“, одговорил Путин на прашањето дали набргу ќе може да се применува напредна воена технологија во секојдневниот живот.
„Се разбира, нема да може веднаш сè да искористиме, туку како што некогаш се реализирал нуклеарниот ракетен проект. Со што заврши ракетниот проект? Лет во вселената и на крајот излегување на човекот во вселената“, потсети Путин.