Путин размислува за својот наследник

Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека постојано размислува за тоа кој ќе го наследи кога ќе му заврши мандатот.

Говорејќи за можноста за наследник на традиционалната годишна програма „Директна линија со рускиот претседател Владимир Путин“, тој изјавил дека постојано размислува за тоа, но нагласил дека на рускиот народ ќе остане да го избере својот иден лидер.

Путин додал и дека размислува за подигнување нова генерација млади менаџери, кои ќе бидат во позиција да ја преземат контролата во Русија.

Владимир Путин, кој владее со Русија од 2000 година,  четврти пат е избран за претседател и нема да биде во можност повторно да се кандидира на оваа функција на изборите во 2024 година.

 

Scroll to Top