Путин секогаш на себе носи крст подарок од неговата мајка

Рускиот претседател Владимир Путин е роден во СССР, каде што и пораснал. Во времето на комунизмот религијата била забранета. Денеска редовно се посетуваат црковните служби за време на големите празници и луѓето носат крст околу вратот. Овој детаљ стана интересен за медиумите во светот кога Путин за првпат стана претседател на Русија во 2000 година. За тоа се зборувало и кога тој бил гостин во емисијата на американскиот новинар Лари Кинг во 2000 година на Си-ен-ен.

Кинг истакнал дека Путин носи крст и го прашал рускиот претседател дали е религиозен и какви се неговите чувства по тоа прашање.

Путин изјавил дека не сака премногу да говори на таа тема. Мисли дека таквите работи се свети за секој човек.

„Не треба на сите да им се покажува својата религиозност затоа што тоа е нешто што почива внатре во човечкото срце. Што се однесува до носењето крст, претходно не го носев, сè додека мајка ми не ми даде можност за време на мојата посета во Израел. Бев двапати таму. Првиот пат на повик на министерот за надворешни работи на таа земја, а вториот пат како турист со моето семејство.

Мајка ми ми даде крст за да добијам благослов на гробот на Господ. Јас го направив тоа и од тогаш постојано го носам со себе. Постои една приказна поврзана со крстот поради што одлучив постојано да го носам.

Во Даш, во близина на Санкт Петербург, дојде до пожар затоа што нешто тргнало погрешно во сауната. Пред да влезам во сауната го симнав крстот. Кога изби пожарот, веднаш излеговме со пријателот.

Мислев дека крстот бил уништен во пожарот затоа што беше обичен, направен од алуминиум. Бев изненаден кога еден од работниците успеа да го извлече од пепелот. Сето тоа ме вчудовиди, но од тогаш секогаш го носам со себе. Многу го ценам тој крст затоа што ѝ припаѓаше на мојата мајка“, изјавил Путин.

Потоа Кинг го прашал дали верува во виша сила, на што Путин одговорил дека верува во човечкото суштество.
„Верувам во нивните добри намери. Верувам во фактот дека сите сме дошле на овој свет да правиме добри дела. Ако тоа го направиме сите заедно, тогаш нè очекува голем успех. Без оглед на нашите меѓучовечки односи, важно е да се постигне крајната цел, удобност во своите срца“, истакнал Путин.

Scroll to Top